Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп:На Велика Британија „би и било подобро“ без ЕУ

Трамп:На Велика Британија „би и било подобро“ без ЕУ

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, милијардерот Доналд Трамп изјави дека на Велика Британија „би и било подобро“ без ЕУ.

Тој само верува дека гласачите во Британија, во поголем број, ќе се определат за прекинување на врските со ЕУ.

Трамп за американската телевиија Фокс,  вели дека кризата со мигрантите, со која се соочува Европа е ужасна работа и ја напаѓа ЕУ за начинот на кој се справува со кризата. Тој ја обвинува ЕУ дека со својата политика ја поттикнува миграцијата.

Трамп предизвика бурна реакција во светот со своите заложби против влегувањето на мигрантите од Мексико и од мулсиманските земји во САД. Се залага за изградба на ѕид на границата со соседно Мексико, нарекувајќи ги Мексиканците „наркомани, силувачи и криминалци„ а предлага целосна забрана за влез на муслиманите во САД додека не се расчисти кризата со џихадистите од групата Исламска држава.

Слично

Поврзани вести