Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп: На состанокот со Путин, веројатно во првите две минути, ќе знам точно дали може да се постигне договор

Трамп: На состанокот со Путин, веројатно во првите две минути, ќе знам точно дали може да се постигне договор

Американскиот претседател, Доналд Трамп, потврди дека пред средбата со рускиот претседател Владимир Путин, ќе разговара и со европските лидери и со украинскиот колега Володимир Зеленски.

Тој ги нарече европските лидери „одлични луѓе и одлични лидери“, но потврди дека се „уморни“ од војната и сакаат да се вратат на трошење пари за своите земји. Додаде дека има „исклучително добри“ односи со европските лидери.

„Ќе разговарам со европските лидери, ќе разговарам со претседателот Зеленски. Сакам да ги слушнам идеите на сите. Одам на состанокот целосно подготвен и ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека се можни две работи – може да биде добар состанок и ќе направиме чекор понатаму и ќе дојдеме до договор. Би сакал да видам многу, многу брз прекин на огнот, веднаш. Се надевам дека ќе постигнеме голем успех“, рече Трамп.

На прашањето дали Зеленски ќе биде на состанокот во петок, Трамп рече дека би можел да дојде. 

„На состанокот со Путин, веројатно во првите две минути, ќе знам точно дали може да се постигне договор или не“, кажа Трамп. 

Средбата е закажана за 15 август, петок, на Алјаска. Зеленски обвини дека Русија само купува време. Инаку, руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

foto EPA/WILL OLIVER / POOL

Слично

Поврзани вести