TРАМП МУ ПОРАЧА НА ПУТИН: Владимире запри!
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека „не е среќен“ од рускиот воен напад врз Киев, кој се случи ноќта на 24 април.
„Не сум задоволен од руските напади врз Киев. Тие се непотребни и многу ненавремени. Владимире, запри!“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
Во Киев според последните податоци, загинаа најмалку девет лица, меѓу кои две деца, а уште околу 90 се повредени.
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека Русија истрелала околу 70 проектили и речиси 150 дронови.
Трамп дека секоја недела на фронтот во Украина умираат пет илјади војници.
Русија и Украина се во војна повеќе од три години.
Слично
