Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп му даде ветар во грб на Орбан на историската средба: Тој е тежок, но почитуван човек

Трамп му даде ветар во грб на Орбан на историската средба: Тој е тежок, но почитуван човек

Американскиот претседател Доналд Трамп го прими унгарскиот премиер Виктор Орбан  во Белата куќа и ги пофали неговите напори во борбата против нелегалната имиграција, а средбата аналитичарите ја протолкуваа како разговори на двајца ЕУ-скептици на две недели пред европските избори.

"Сте направиле добра работа и ја гарантирате безбедноста на вашата земја", рече американскиот претседател на почетокот на состанокот во Овалната канцеларија. Тежок е, но тој е човек што го почитуваат насекаде во Европа“, гласеше мислењето на Трамп за Орбан,.кој е познат по тоа што е противник на либералните демократии.

Трамп го оцени Орбан како малку контроверзен, но и дека не е тоа толку важно затоа што и самиот претседател на САД се гледа себе си како таков.

"Направивте добра работа во врска со имиграцијата, многумина тоа го мислат", изјави Трамп, додавајќи дека "страшните" проблеми со кои Европа се соочува се предизвикани од поинаквите политички ставови во Европа кои се спротивни и поттикнати од алузијата на германската канцеларка Ангела Меркел во 2015.

Орбан по оваа средба со Трамп очекува уште поголема поддршка од суверенистите и популистите пред европските избори. Тој го нарече Трамп „икона“ откако овој во септември на Генералното собрание на ОН зборуваше против глобализацијата.



Слично

Поврзани вести