Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп: Можеби ќе воведам царина за земјите кои не се согласуваат дека Гренланд ни е потребен

Трамп: Можеби ќе воведам царина за земјите кои не се согласуваат дека Гренланд ни е потребен

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини за земјите кои не се согласуваат со неговите амбиции за анексија на Гренланд. Тој не кажа кои држави би можеле да бидат погодени со оваа мерка, ниту како би го реализирал ова.

Бројни земји отворено кажаа дека се противат на неговите амбиции за преземање на Гренланд, за што постои скептицизам и во САД. Додека тој зборуваше на состанок во Белата куќа, двопартиска конгресна делегација беше на Гренланд за да ѝ даде поддршка на територијата. Таа се сретнаа со пратениците, данската премиерка Мете Фредериксен и со нејзиниот колега од Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен.

Трамп вели дека Гренланд е од витално значење за безбедноста на САД и дека ќе го добијат на лесен начин или потежок начин.

„Можеби ќе воведам царина за земјите ако не се согласат околу Гренланд бидејќи ни е потребен за национална безбедност“, рече Трамп.

Данска предупреди дека американска воена акција на Гренланд ќе значи крај на НАТО, сметајќи дека прашањето на безбедноста треба да се реши во рамките на алијансата. Посетата на американските конгресмени успеди неколку дена откако разговорите на високо ниво во Вашингтон не успеаја да го одвратат Трамп од неговите планови за преземање на Гренланд.  Инаку, Трамп понуди и опција да го купи островот. 

Дел од земјите испратија војници на островот, но италијанските власти со иронија го коментираа потегот. 

Од Белата куќа вчера соопштија дека нема да се откажат од идејата да го преземат Гренланд.  Идејата за преземање на островот Трамп ја споменуваше и во претходниот мандат. Гренланд има помалку од 60.000 жители и тие не сакаат да бидат дел од САД, туку да останат во составот на Данска. Наведоа дека добар дел од услугите како образование, здравство им се бесплатни и тоа им одговара. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести