Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп може да ја загуби пензијата од 220.000 долари

Трамп може да ја загуби пензијата од 220.000 долари

Пензијата и привилегиите што им следат на поранешните претседатели на САД може да му бидат одбиени на Трамп доколку биде прогласен за виновен на судењето што следи.

Во моментов, поранешниот американски претседател има право на годишна пензија од 221.400 американски долари годишно и сите привилегии што му следат како поранешен шеф на американската администрација.

Сепак, можно е тој да го изгуби сето ова ако биде осуден на импичментот што го чека.  Дури и Трамп да биде прогласен за виновен на даденото судење, тој технички не може да биде сменет од позицијата претседател заради тоа, бидејќи од денес, тој повеќе не е официјално претседател на Соединетите држави. Затоа, ќе биде потребно дополнително судење за да му се одземе правото на пензија.

Ваквото последователно судење ќе треба да го лиши од функцијата „поранешен претседател“, објаснува професор по право од Универзитетот во Северна Каролина.

Покрај пензионирањето, други привилегии на кои Трамп може да смета се пари за патување, канцелариски простор и персонал, што би можело да изнесува над милион долари годишно за поранешниот претседател. 

Поранешните претседатели Клинтон, Буш и Обама трошат повеќе од половина милион долари годишно на канцеларии.


Слично

Поврзани вести