Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп: Меркел ja уништува Германија

Трамп: Меркел ja уништува Германија

Кандидатот за претседател на Републиканците, Доналд Трамп  упати остри критики кон миграциската политика, предводена од германскиот канцелар Ангела Меркел.

„Можете ли да замислите дека таа е Човек на годината?“ Со овие зборови кандидатот за претседател на САД,  Доналд Трамп ја критикуваше политиката која Ангела Меркел ја води кон мигрантската криза. Ова го кажа во говорот што тој го одржа на еден  од своите јавни настапи.

„Гледате ли  што се случува во Германија. Таму веќе има голем неред "- коментира тој по повод проблемите кои ги  има земјата со огромниот прилив мигранти.

Во меѓувреме стана јасно дека во Германија има барем 500 000 нерегистрирани бегалци. Податоците се на весникот „Билд", од каде се повикуваат на извештајот на Министерството за внатрешни работи.

Слично

Поврзани вести