Трамп: Кој има корист од Ормутскиот теснец, тој нека го штити
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп, повторно го критикуваше одбивањето на американските сојузници да испратат сили за заштита на Ормутскиот теснец, кој Иран го блокираше по израелско-американската воена операција. Трамп се закани дека Вашингтон нема да се грижи за безбедноста на стратешкиот теснец.
Веќе неколку дена американскиот претседател е длабоко иритиран од одбивањето на главните сојузници на Вашингтон во НАТО, вклучувајќи ги Франција и Велика Британија, да им помогнат на САД да го деблокираат Ормускиот теснец, низ кој транзитираа 20 отсто од светската сурова нафта пред војната на Блискиот Исток.
„Се прашувам што би се случило ако завршиме со она што остана од терористичката држава Иран и им дозволиме на земјите што имаат корист (ние немаме) од таканаречениот „теснец“ да ја преземат одговорноста за тоа? Тоа би ги натерало некои од нашите неактивни сојузници да се заложат и тоа брзо!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл.
Тој вчера го опиша одбивањето на повеќе земји-членки на НАТО да им помогнат на САД како „навистина глупава грешка“, а потоа објави дека нивната помош всушност не е потребна, по што објави и дека Вашингтон „ќе се надева дека ќе добие некаква помош“ во откривањето мини во Заливот.На 28 февруари, САД и Израел почнаа со напади на Иран. Ова предизвика шокови за цените на нафтата.
foto printskrin youtube
