ТРАМП ЌЕ СТАВА КРАЈ: Странците во САД без социјална помош најмалку 5 години?
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ќе бара донесување на закон со кој на имигрантите би им било оневозможено да добијат социјална помош најмалку пет години.
Трамп на собирот во Сидар Рапидс, во Ајова, рекол дека „дошло време“ за „нови имиграциски правила“ со кои од оние кои сакаат да влезат во земјата ќе им биде барано да можат финансиски да се издржуваат и кои ќе им забранат социјална помош најмалку пет години.
Не е јасно, меѓутоа, како предлогот на Трамп ќе ја промени сегашната ситуација, пренесе АП.
Американскиот закон за имиграција веќе им забранува на повеќето странци кои влезат во земјата со имигрантски визи првите пет години да добиваат федерална помош, како што се социјално осигурување или бонови за храна.
Државите воглавно имаат овластувања да утврдат дали некој може да добие помош на локално ниво.
Странците кои не добиле визи како имигранти и оние кои немаат легален статус целосно се исклучени од програмата за социјална помош.
