Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАМП ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД СИРИЈА: Лавров не верува на вакви лаги

ТРАМП ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД СИРИЈА: Лавров не верува на вакви лаги

Според рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, САД не планираат да ја напуштат Сирија и покрај тврдењата на Вашингтон дека го имаат предвид напуштањето.

Лавров во Пекинг изрази надеж дека „по средбата со неговите колеги од Франција ќе стане појасно каква ќе биде соработката за сириското прашање“.

Американскиот претседател Доналд Трамп кон крајот на март најави дека САД „многу наскоро“ ќе се повлечат од Сирија велејќи дека е време „ други луѓе да се грижат“ за ситуацијата во земјата.

Трамп истакна дека Исламска држава е поразена.

– Мораме да се вратиме во нашата земја каде што припаѓаме, каде што сакаме да бидеме, рече  американскиот претседател.


Слично

Поврзани вести