Трамп ќе се моли за Шварценегер - ТВ шоуто кое го наследи е со слаб рејтинг
Доналд Трамп на првиот молитвен појадок како американски претседател говорот го започна на шеговит начин барајќи од неговите поддржувачи да се помолат за Арнолд Шварценегер кој на ТВ мрежата NBC го наследи популарното шоу „Славни претприемачи“, но има голем проблем со гледаноста и паднат рејтинг.
Во видео порака подоцна Шварценегер на шеговит начин му порача на Трамп штом тој е толку добар шоумен да се врати на телевизија, а актерот да се пресели во Белата куќа како претседател на САД.
Да потсетиме дека Шварценегер ја водеше Калифорнија како гувернер поддржан од демократите што секако не му се допаѓа на Трамп кој победи со републиканците. Сепак, политичката кариера на Шварценегер е завршена, а не му оди најдобро и со глумата бидејќи последниот Терминатор беше прогласен за многу лош филм.
