Трамп ќе продолжи со дипломатскиот и економски притисок врз Северна Кореја?
Претседателот на САД, Доналд Трамп ја поздрави поддршката од Кина и од Русија за усвоената резолуција на Советот за безбедност на ОН поднесена од САД.
Од Белата куќа велат дека Трамп ја цени соработката со Кина и со Русија со што е обезбедено усвојување на резолуцијата.
„Тој ќе продолжи да работи со сојузниците и со партнерите за да се засили дипломатскиот и економски притисок врз Северна Кореја за да престане со заканите и дестабилизирачкото однесување“ - пишува во соопштение од Белата куќа.
СБ на ОН воведе нови санкции спрема Пјонгјанг со што може да се намали за една третина годишниот приход на земјата од извоз кој во моментот изнесува 3 милијарди долари.
Со санкциите се забранува извоз на јаглен, железо, челик и друго. Со резолуцијата усвоена едногласно се додадени и девет лица и четири компании на црната листа на ОН.
Санкциите се воведени врз основа на резолуција од САД како одговор на нивните проби со балистички ракети извршени во јули.
За Северна Кореја санкциите од САД се кривично дело.
Северна Кореја најсилно ги осудува и отфрла така наречените еднострани американски санкции.
