Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп ќе остане без адвокати, главниот си даде оставка

Трамп ќе остане без адвокати, главниот си даде оставка

Главниот адвокат во случајот за мешањето на Русите во претседателските избори на САД во 2016, Џон Дауд одлучи да даде оставка, затоа што според неговиот тим, Трамп ги занемарува неговите совети. 

Дауд беше раководител на адвокатскиот тим од минатото лето кога од таа позиција се повлече долгогодишниот личен адвокат на Трамп, Марк Касовиц.

Сега се чека на ново засилување на тимот откако минатата недела во тимот се вклучи адвокат задолжен за тужбата против ФБИ и Министерството за правда во која се тврди дека фабрикувале обвиненија против Трамп за неговата поврзаност со Русија додека траела предизборната кампања во 2016 година.

Слично

Поврзани вести