Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп ќе ги натерал богатитете муслимански земји да ги спасат цивилите во Сирија

Трамп ќе ги натерал богатитете муслимански земји да ги спасат цивилите во Сирија

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави сосема различна стратегија за решавање на кризата во кризата, а неговиот план за воведување на сигурни зони кои ќе ги обезбедуваат и финансираат богатите муслимански земји од Блискиот исток наиде на критики од страна на Обама и експертите.

- Се обидуваме да им помогнеме на луѓето. Ќе изградиме безбедносни зони и ќе ги принудиме земјите во Заливот да ги платат тие зони, истакна Трамп пред своите приврзаници на Флорида.

Обама идејата на Трамп за безбедносните зони ја смета за „предизвик“, бидејќи тие бараат заштита од копнените сили, а со тоа не се согласуваат сириската Влада, Москва и Техеран.

Претходно, на годишната прес-конференција, Обама го обвини режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите сојузници Ирак и Русија, дека се одговорни за масакрот на цивилите во Алепо, истакнувајќи дека имаат „крв на своите раце“.


Слично

Поврзани вести