Трамп ќе дозволи Украина да произведува „Патриот“?
Украина веројатно ќе произведува ракети „Патриот“.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, наговести дека САД може да ѝ дадат на Украина дозвола за производство на ракети „Патриот“.
Американскиот претседател рече дека „птица му шепнала“ дека се планира таков потег, а предлогот го даде во контекст на дискусија за доцнења во испораката на американските ракети, објави „Скај њуз“.
„Една од темите за кои ќе разговараме е дека ќе ви дадеме лиценца за производство на ‘Патриот’. Тоа е прилично кул, нели? На тој начин нема да можете да се жалите дека не ви даваме доволно од нив. Велам, направете ги сами“, му рече Трамп на украинскиот колега Володимир Зеленски.
Американскиот претседател потоа се пошегува дека „сè уште не сме ја информирале компанијата за тоа“.
„Сè ќе биде во ред… Сигурен сум дека ќе бидат воодушевени… ќе можат да го направат
тоа. Ќе можете да го направите“, рече Трамп.
Украинскиот претседател подоцна рече дека е „благодарен“ за системите.
фото Фејсбук/Володимир Зеленски
