Трамп ќе бара забрана за имигранти од земји кои вршеле напади во САД
Кандидатот за претседател на САД Доналд Трамп предложи да се запре протокот на имигранти од земјите кои биле вклучени во минатото во нападите врз САД или нивни сојузници.
„Кога бидам избран (за претседател на САД), ќе ја прекинам имиграцијата од земји кои имаат вршено во минатото терористички активности против САД, Европа или некои од нашите сојузници, додека се разјасни целосно како да се стави крај на овие закани ", изјави тој во говорот во Манчестер, Њу Хемпшир, ден по нападот во Орландо.
Трамп не даде појаснувања што точно ќе вклучува оваа забрана, но истакна дека американскиот претседател има моќ да забранува влез во земјата на каква и да било категорија луѓе кои патуваат, оценета како опасна за интересите или безбедноста на САД.
Минатиот декември, по нападите во Париз и Сан Бернардино, Доналд Трамп предложи да се затворат привремено границите за сите муслимани.
Тогаш тој зборуваше и како ако во Европа имало полиберален режим за носење на оружје, масакрот во салата „Батаклан“ можел да биде спречено. По нападот во клуб Pulse Трамп не кажа ни збор зошто дојде до толку жртви во земја со либерален режим за носење на оружје. Потсетуваме дека атентаторот кој е виден од ФБИ, сосема спокојно и легално купил автоматска пушка и пиштол, со кои го извршил крвавото дело.
