Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп кажа што ќе прифати во однос на Иран, а што не

Трамп кажа што ќе прифати во однос на Иран, а што не

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека нема да има договор со Иран „освен со безусловно предавање“, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека, по предавањето на сегашниот режим и изборот на „одлични и прифатливи“ лидери, САД и нивните сојузници ќе работат на „враќање на Иран од работ на уништување, правејќи го економски поголем, подобар и посилен од кога било“. Американскиот претседател заклучи велејќи дека Иран „ќе има одлична иднина“.

Трамп вчера изјави дека Моџтаба Хамнеи, синот на загинатиот ајатолах Али Хамнеи не треба да биде на чело на Иран. Вели дека со него Иранците си го губат времето и дека тој е од лесна категорија. Трамп сака да учествува во изборот на новиот ирански лидер. 

Ајатолахот Али Хамнеи загина во саботата во нападите на Израел и САД врз Иран. 

САД и Израел велат дека доколку Иран поседува нуклеарно оружје, тоа ќе биде закана за нив. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести