Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп како „поттикнувач на насилството“: Во понеделник барање за импичмент

Трамп како „поттикнувач на насилството“: Во понеделник барање за импичмент

Американските демократи планираат поднесат барање за импичмент против претседателот Доналд Трамп за неговата улога за упадот во средата во Капитол.

Спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси рече дека ќе се оди со барање за отповикување доколку Трамп не поднесе оставка веднаш.

Обвинението во кое на Трамп му се товари делото „поттикнување на востание“ ќе биде доставено во Претсавничкиот дом од страна на демократите во понеделник.

Тие го обвинуваат Трамп за охрабрување на немирите во Конгресот во кој загинаа пет лица.

Новоизбраниот претседател Џо Бајден рече дека за импичментот треба да реши Конгресот, но вели дека сметал дека „долго време претседателот Трамп не е способен да ја извршува функцијата“.

Инаку Трамп рече дека ќе ја предаде функцијата, но нема да има официјално примопредавање. Вчера вечарта Твитер му го суспендираше трајно Твитер налогот на Трамп.


Слично

Поврзани вести