ТРАМП КАКО БЕСЕН РИС: ФБИ неспособни да го запрат протекувањето на информации во медиумите
Претседателот на САД Доналд Трамп денес на Твитер го прозва ФБИ поради тоа што не успеал да излезе на крај со протекувањето на информации од националната безбедност во медиумите.
Трамп во два твита го нападна Федералното истражно биро.
„ФБИ е целосно неспособен да го запре „нуркањето“ во националната безбедност кое веќе долго време ја напаѓа нашата влада . Дури не се во состојба ....“ гласи првиот твит на кој се надоврзува следниот:
„... да ги пронајдат изворите од кои се протекувањето информации во самиот ФБИ. На медиумите им се даваат доверливи информации кои може да имаат разорно дејство на САД“, напиша Трамп.
Претседателот на САД во изминатите неколку недели неколку пати ги повикуваше медиумите и службите за безбедност поради протекувањето на важни информации. Поради протекувањето на информацијата дека разговарал со амбасадорот на Русија Сергеј Кисељак, оставка мораше да поднесе сега вече поранешниот советник на Трамп за национална безбедност Мајкл Флин.
