Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп ја води воената САД како од тоталитарни учебници

Трамп ја води воената САД како од тоталитарни учебници

Големи критики се упатуваат на адреса на американскиот претседател Доналд Трамп кој веќе го проценуваат дека е тоталитарист во најава со новата безбедносна стратегија која на војската на САД ќе и даде уште повеќе пари и моќ од таа што досега ја имаше, слободна да ја промовира и чува американската доминација во светски рамки.

Според прогнозите САД има околу 300 илјади војници во 183 земји во светот и специјални воени единици во 149 светски земји, што е спротивно на тврдењата на Трамп дека го одржува мирот кога де факто неговата држава води војни речиси насекаде. 

Метју Хон, поранешен американски маринец и претседател на здружението „Ветерани за мир“ смета дека глумењето дека САД се во мир и ветувањето на Трамп тој да се одржи се вистинска Орвеловска измама земена од страниците на книгата „1984“ која најдобро ги предвиде тоталитаристички општествени режими со масовно прислушување и надмоќ на милитаризмот.

„Акциите на Трамп преку океанот покажуваат дека воопшто не е поинаков од своите претходници. Неговите акции се прво насочени на војската, интервенционистички и хипокритични за надворешната политика, не се базирани на соработка со нациите и почитта за човековите права и достоинство, туку се презервација на американската хегемонија што резултира со масовно страдање и смрт“, вели Хон.

Трамп во промоцијата на воената стратегија бара спас за неговиот очајно низок рејтинг кој воопшто не му дава надеж за реизбор како американски претседател, па затоа ја користи гордоста на американската армија, на американската издвоеност и посебност од светот, на американските погледите дека токму тие се праведните „спасители“ на светот кои своите војни ги водат од верски и свети причини со нивните уникатни американски морални вредности.

Ваквиот популизам може Трамп да го радикализира, да преземе чекори кои ќе имаат несогледливи последици дури и за американскиот скршен и корумпиран, но сепак демократски систем на контроли и кочници. Дали Трамп ќе прерасне во тоталитарен водач или ќе го отвори таквиот пат за некои идни тирански претседатели, сега е тешко да се прогнозира или дури и замисли, но стравот во американското општество за ескалација на состојбите е се поголем.

Слично

Поврзани вести