Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп ја прифати поканата за посета од родната земја на Меланија

Трамп ја прифати поканата за посета од родната земја на Меланија

Американскиот претседател Доналд Трамп ја прифатил понудата од словенечкиот претседател Борут Пахор да ја посети Словенија, која инаку е и родна земја на неговата сопруга Меланија Трамп.

Поканата била прифатена за време на средбата на двајцата претседатели на самитот Три мориња во Варшава, а кабинетот на Пахор засега нема потврда кога ќе се реализира посетата на Трамп. 

Меланија е родена во градот Севница, а потоа се преселила во САД за да ја продолжи кариерата како фото модел.

Слично

Поврзани вести