Трамп ја надмина Клинтон по популарност
Милијардерот Доналд Трамп, кој остана единствен кандидат за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во САД, ја претекна по популарност својота конкурентка Хилари Клинтон - фаворитка на демократите за претседателската функција.
Ова го покажуваат резултатите од анкетата спроведена од ТВ компанијата „Фокс њуз“.
Според овие резултати 45% од испитаниците велат дека се подготвени да гласаат за Трамп на изборите за претседател во ноември.
Тоа го велат за Клинтон 42% од испитаниците. Според претходното вакво истражување на јавното мислење Клинтон го претекна по популарност Трамп со 48% наспроти 41%.
„Гласачите сепак, сметаат дека и на двајцата кандидати им недостига искреност и сочувство и изразуваат сомневања во врска со нивните морални вредности“, забележува ТВ каналот.
Како на пример - 66% од испитаниците велат дека не можат да ја наречат Клинтон чесен политичар. За таква ја сметаат само 31%.
Кај Трамп разликата помеѓу мислењата е помала, но сепак 57% велат дека не сметаат дека тој е искрен со нив, а 40% -, му веруваат.
