ТРАМП ЈА ИСМЕВА ДАНСКА ПОРАДИ ГРЕНЛАНД: Ставаат санки за кучиња, мислат дека тоа е одбрана
Претседателот на САД, Доналд Трамп ги исмеа обидите на Данска да го одбрани островот Гренланд со дополнителни патроли, вклучително и две нови санки за кучиња.
Данска најави ќе инвестира 1,5 милијарди долари во два нови инспекциски брода, два беспилотни летала и две патроли со кучешки санки, откако Трамп го повтори интересот за овој остров.
„Верувам дека ќе го добиеме Гренланд бидејќи навистина има врска со слободата на светот. Тоа нема никаква врска со САД, освен што ние сме тие кои можеме да ја обезбедиме таа слобода. Тие (Данска) не можат. Пред две недели испратија два тима за кучиња и помислија дека тоа е заштита“, изјави Трамп.
Трамп вчера изјави дека верува оти САД сепак ќе го купат Гренланд од Данска, и покрај инсистирањето на државата дека нејзината прекуморска територија не е на продажба.
„Доколку Данска сака да го продаде Гренланд, Велика Британија ќе има приоритет во купувањето според условите на договорот склучен пред повеќе од еден век“, изјави последниот дански министер за арктичкиот остров Том Хојем.
Трамп минатата недела разговараше со данската премиерка Мете Фредериксен, кој сегашни и поранешни високи европски претставници го опишаа како тензичен и конфронтативен.
И во 2019 година Трамп сакаше да го купи островот.