Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп изјави дека е можно „пријателско преземање на Куба“

Трамп изјави дека е можно „пријателско преземање на Куба“

Претседателот на Соединетите Американски Држави(САД),  Доналд Трамп изјави дека е можно „пријателско преземање на Куба“, пренесе Ројтерс. Тој рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио веќе се занимава со тоа прашање на многу високо ниво.

„Кубанската влада разговара со нас и се во големи проблеми. Немаат пари, немаат ништо сега, но разговараат со нас и можеби ќе имаме пријателско преземање на Куба“, изјави Трамп.

Кубанската економија е во длабока криза, која дополнително се влоши по прекинот на испораките на нафта од Венецуела. Американското ембарго кон Куба беше дополнително заострено, а Трамп се закани со царини за секоја земја што ќе испраќа нафта на островот.

Инаку, Министерството за финансии на САД  деновиве објави дека ќе им дозволи на компаниите што бараат дозволи да ја препродаваат венецуелската нафта на Куба, но услов е нафтата да не е наменета за институциите и војската.

Откако Вашингтон ја презеде контролата врз извозот на нафта од Венецуела на почетокот на јануари, по апсењето на претседателот Николас Мадуро, испораките за Куба престанаа, што ја влоши нејзината енергетска криза.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести