Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАМП ИЗБИРА „СПЕЦИЈАЛЕН“ ЧОВЕК: Ќе го решава клучното прашање

ТРАМП ИЗБИРА „СПЕЦИЈАЛЕН“ ЧОВЕК: Ќе го решава клучното прашање

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп наскоро ќе назначи специјален пратеник за Украина кој ќе биде ангажиран за преговори за завршување на војната, објави ТВ „Фокс њуз“.

„Ќе видите специјален пратеник, некој со голем кредибилитет, кој ќе има задача да најде решение, за да дојде до мирно решение“, рече изворот на Фокс њуз.

Трамп во текот на кампањата вети дека може да го реши украинскиот конфликт преку преговори.

Тој уште во изборната претседателска кампања повеќе пати кажа дека може да го реши прашањето за војната за еден ден, додека Русија, од своја страна тоа го смета за премногу сложен проблем.

Инаку, новоизбраниот претседател на САД, со молскавична брзина ги објави имињата на оние што сака да го пополнат неговиот кабинет и да го советуваат за најважните прашања.

ФОТО: EPA-EFE/DOUG MILLS 

Слично

Поврзани вести