Трамп: Иран ни даде вреден подарок
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Иран му дал „подарок“ вреден „огромна сума пари“ поврзан со Ормутскиот теснец и прашањата за нафтата и гасот.
На новинарско прашање во Овалната соба зошто им верува на Иранците, тој прво инсистираше на тоа дека не му верува никому.
„Тоа беше многу голем подарок вреден огромна сума пари, и нема да ви кажам што е тој подарок, но тоа беше многу значајна награда“, рече Трамп.
Не ја исклучи можноста САД да го контролираат Ормутскиот теснец во иднина.
„Мислам дека ќе ја завршиме војната“, додаде тој.
Американскиот претседател се пошегувал дека кога им кажал на министерот за одбрана и на началникот на војската дека мисли оти војната со Иран наскоро ќе се реши, двајцата „биле вознемирени бидејќи сакале да продолжат да се борат“.
На 28 февруари, САД и Израел го нападнаа Иран.foto printskrin youtube
