ТРАМП: Имав некои проблеми со Зеленски, но Путин е уште потежок
Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека Русија би можела да нападне уште некоја држава по инвазијата врз Украина. Вели дека е можно по Украина, рускиот претседател Владимир Путин да нападне и друга земја.
Трамп додаде и дека Путин му се јавил за да понуди помош во решавањето на израелско-иранскиот конфликт.
„Ми се јави за да ме праша дали ми треба помош околу Иран. Му реков, не, но можеш да ми помогнеш околу Русија“, вели Трамп.
Трамп призна дека завршувањето на војната во Украина ќе биде тешко.
„Тоа е потешко и посложено одошто мислат луѓето. Имав некои проблеми со Зеленски, но Путин е уште потежок“, кажа Трамп.
Потоа кажа дека имал добар состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на самитот.
Во исто време, државниот секретар на САД, Марко Рубио, ги одбил повиците на европските сојузници да се воведат нови санкции за Русија. Тој признал дека Русија ги одолговлекува мировните разговори со Украина, но го повторил ставот на американската влада дека сега не е време за нови санкции. Смета дека ако ја скршат Русија на тој начин, потоа ќе биде тешко да преговараат.
