ТРАМП ИМАЛ ОТОК НА НОЗЕТЕ И МОДРИНКИ НА РАКАТА: Направени му се медицински тестови
Белата куќа соопшти во дека претседателот на САД, Доналд Трамп, бил подложен на медицински тестови за „благ оток“ во нозете и модринки на едната рака, што ja открива состојбата на вените, честа појава кај луѓето над 70 години.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на брифингот за медиумите сподели белешка од лекарката на Трамп во која детално е опишан прегледот. Трамп бил подложен на ултразвук и „сеопфатен преглед“ што вклучувал дијагностичка васкуларна студија, објави „The Hill“ .
Прегледот утврди дека Трамп, кој има 79 години, има хронична венска инсуфициенција. Состојбата се јавува кога вените во нозете на поединецот имаат тешкотии да ја вратат крвта во срцето, што предизвикува застој во крвта, според Клиниката во Кливленд.
Ливит рече дека нема докази за длабока венска тромбоза или артериска болест.
