Економија, финансии, бизнис

Контакт

Tрамп има план како да го запре Путин - дали ова ќе успее?

Tрамп има план како да го запре Путин - дали ова ќе успее?

Според американскиот претседател Доналд Трамп, ако енергијата поевтини доволно, рускиот претседател Владимир Путин ќе престане да убива луѓе. 

„Намалувањето на цените на енергијата може да изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине војната во Украина“, изјави американскиот претседател во интервју за Cи-Ен-Би-Си.

Додава дека ако енергијата поевтини за уште 10 долари за барел, Путин нема да има избор бидејќи неговата економија е во лоша состојба.
Претходно денеска, руското Министерство за финансии објави дека приходите на земјата од нафта и гас се намалиле за 27 проценти во јули 2025 година на годишна основа – на 787,3 милијарди рубљи (9,8 милијарди долари), споредено со 1,079 трилиони рубљи во истиот месец од претходната година.
Трамп ветуваше дека брзо ќе ја запре војната откако ќе дојде на власт. Руската инвазија на Украина почна пред 3.5 години. 
foto EPA/SHAWN THEW

Слично

Поврзани вести