Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп им се закани на земјите што го снабдуваат Иран со оружје, ќе има царини за нив

Трамп им се закани на земјите што го снабдуваат Иран со оружје, ќе има царини за нив

Претседателот на Соединетите Американски Држави(САД), Доналд Трамп, испрати остра порака до земјите што го снабдуваат Иран со воено оружје, најавувајќи итни економски санкции.

„Земјата што испорачува воено оружје на Иран веднаш ќе биде оптоварена со царини од 50 проценти за сите стоки што се продаваат на Соединетите Американски Држави. Нема да има исклучоци или ослободувања“, рече Трамп.

Оваа изјава доаѓа во време на смирување на тензиите на Блискиот Исток.

Трамп претходно објави дека САД и Иран постигнале договор за двонеделен прекин на огнот, со посредство на Пакистан и под услов Техеран да обезбеди целосно отворање на Ормутскиот теснец.

Според него, Иран доставил предлог од десет точки што претставува основа за понатамошни преговори, при што клучните прашања веќе се договорени. Тој додаде дека примирјето треба да послужи за финализирање на поширок договор.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести