Трамп им рекол на Иранците дека е премногу доцна за преговори?
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека им рекол на иранските власти дека е „премногу доцна“ за преговори.
„Нивната воздушна одбрана, воздухопловните сили, морнарицата и раководството ги нема. Тие сега сакаат да разговараат. Јас реков „Премногу доцна!“, напиша Трамп.
Конфликтот меѓу САД, Израел и Иран почна во сабота наутро, кога американските и израелските сили извршија напади врз ирански воени и безбедносни цели, вклучувајќи локации во и околу главниот град Техеран. Иранските државни медиуми потврдија дека врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи е убиен во нападите. Загинаа и членови на неговото семејство.
САД не сака Иран да поседува нуклеарно оружје. Лани, САД ги нападнаа постројките во Иран. Американците им забележуваат на Иранците затоа што извикуваа „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“.
foto printskrin youtube
