Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп им ги помати сметките на Заев и Ципрас

Трамп им ги помати сметките на Заев и Ципрас

Доналд Трамп, претседателот на САД, објави дека е предложен за овогодинешната Нобелова награда за мир од страна на јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Како причина за тоа се наведува неговата иницијатива и отпочнување на дијалогот со Северна Кореја за денуклеаризација како и за отворање кон Јужна Кореја.

Јапонскиот премиер му дал копија од писмото што го напишал, во кое тој го предложил за кандидат за Нобелова награда.

Престижната награда ја доби неговиот претходник Барак Обама. Тогаш организаторот доби многу критики поради тоа што му се доделува ова признание на еден претседател на најмилитантна земја во светот.

За Нобеловата награда за мир 2019-та конкурираат и македонскиот и грчкиот премиер - Зоран Заев и Алексис Ципрас, кои се предложени од поранешен лауреат и политичка партија во Црна Гора, а добија и поддршка од европарламентарни групи.




Слично

Поврзани вести