Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп им должи плати на стотици вработени

Трамп им должи плати на стотици вработени

Кандидатот на Репубиканската партија на претседателските избори Доналд Трамп, според пишувањата на американските медиуми, им должи на стотици произведувачи и вработени за нивната работа.

Магазинот  USA Today, анализирал преку 60 тужби кои на адресата на Трамп стигнале во последните неколку децении кои говорат за тоа дали бизнисменот не ги плаќал услугите кои ги нарачувал.

Тужби поднесувале неколкумина келнери, перачи на садови, столари, водоводџии, бармени, агенти со недвижнини, па дури и адвокати кои го претставувале Трамп во разни прилики.

Еден од оштетените, Пол Фриел рекол пред новинарите дека неговата семејна фирма уште во 80-тите години поднела сметка до Корпорацијата на Трамп (Trump Organization) на 83 илјади долари која била дел од работата од 400 илјади долари, а подразбирала опремување на еден хотел.

Сметката никогаш не е платена.

Како што пишува  USA Today само хотелот Trump Plaza во Атлантик Сити должи пари за 253 произведувачи на работа.

Во текстот се наведува изјавата на републиканскиот кандидат за Волстрит џурнал во мај оваа година, дека тој понекогаш не плаќа за услугите на фирми кога „резултатот на нивната работа не е задоволителен“.

„Сакам да одолговлекувам и да преговарам кога луѓето не ја одработат добро работата“, рекол тогаш Трамп.

Слично

Поврзани вести