Економија, финансии, бизнис

Контакт

Tрамп им даде рок од 10 дена на Иранците за договор, инаку ќе се случат лоши работи

Tрамп им даде рок од 10 дена на Иранците за договор, инаку ќе се случат лоши работи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека си дава десет дена да процени дали е можен договор со Иран, предупредувајќи дека во спротивно ќе се случат лоши работи.

„Можеби ќе мора да одиме понатаму, можеби не – можеби ќе склучиме договор. Веројатно ќе дознаете во следните 10 дена“, рече Трамп.

Вашингтон и Техеран го обновија дијалогот на почетокот на февруари, по 12-дневната војна во јуни 2025 година. Досега се одржани две рунди разговори, но тензиите остануваат високи. САД го зголемија военото присуство во Персискиот Залив, додека Иран спроведува поморски вежби со Русија.

Иран уверува дека го брани своето право на збогатување ураниум за мирни цели, додека Вашингтон бара евентуалниот договор да ја опфати и иранската програма за балистички ракети и регионалните активности.

Трамп повеќепати се закани со воени напади и навести можност за промена на режимот доколку преговорите не успеат. Според американски медиуми, војската е подготвена за евентуална акција, но конечна одлука сè уште нема.

Во меѓувреме, Русија повика на воздржаност, а Франција апелира преговорите да продолжат.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести