Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп им даде рок на Иранците за договор

Трамп им даде рок на Иранците за договор

САД му дадоа уште пет дена рок на Иран за договор и прекин на конфликтот. 

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да го продолжи рокот што му го постави на Иран за уште пет дена, одложувајќи ги најавените напади врз иранската енергетска инфраструктура, додека, според неговите тврдења, во меѓувреме се водат разговори. Одлуката доаѓа по претходниот ултиматум Иран да го отвори Ормутскиот теснец, клучна поморска рута за глобалната трговија со нафта.

Трамп соопшти дека во наредните пет дена нема да има воздушни напади врз иранските електрани и енергетски капацитети, наведувајќи дека тоа е резултат на „добри и продуктивни разговори“ во последните два дена. 

Претходно, американскиот претседател се закани дека ќе нареди напади врз иранската енергетска инфраструктура доколку Техеран не дозволи повторно отворање на Ормутскиот теснец во рок од 48 часа. Тој теснец е од стратешко значење за глобалното снабдување со нафта. Иран негира дека има директни разговори со САД. 

На 28 февруари, САД и Израел почнаа со напади на Иран. Овие две земји велат дека ако Иран поседува нуклеарно оружје, тоа ќе биде закана за нив, но и за други држави. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести