ТРАМП ИМ ДАДЕ РОК НА ХАМАС: Да ги ослободат заложниците, инаку ќе биде лошо
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе биде лошо ако Хамас наскоро не ги ослободи сите израелски заложници.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се закани дека примирјето во Газа ќе заврши ако палестинската терористичка група Хамас не ги ослободи заложниците до сабота напладне. Ова денеска го побара и Трамп.
„Го поздравуваме барањето на Доналд Трамп за ослободување на сите заложници до сабота напладне и ја поздравуваме неговата револуционерна визија за Газа. Поради одлуката на Хамас да го прекрши договорот за примирје со тоа што го одложи ослободувањето на заложниците, ѝ наредив на војската да ги зголеми своите сили во и околу Појасот Газа. Ако Хамас не ги врати заложниците до сабота напладне, примирјето ќе биде прекинато и Израелските одбранбени сили ќе продолжат со жестоки борби до целосното уништување на Хамас“, изјави Нетанјаху.
Следната размена требаше да се случи в сабота, но Хамас синоќа објави дека прекинува со ослободувањата затоа што Израел го крши договорот за примирје.
Дел од заложниците беа ослабени, а семејствата чии роднини се во Газа, велат дека ако се чека, некои од заложниците нема да преживеат. Хамас на 7 октомври во 2023 година го нападна Израел и зема заложници.