Трамп и Клинтон продолжуваат самоуверено напред
Доналд Трамп ја задржува победата на примарните претседателски избори на Републиканската партија на САД во пет американски држави. Кај демократите Хилари Клинтон му даде на Барни Сандерс само една држава.
Кандидатот за номинација на Републиканската партија во САД освои над 50% од гласовите во државите Конектикат, Мериленд, Пенсилванија. Делавер, Род Ајленд.
Лидерката во трката за номинација на Демократската партија во САД - Хилари Клинтон - ги освои гласовите на сопартијците и поддржувачи во четири од петте држави. Барни Сандерс беше почестен од Род Ајленд.
Во петте американски држави Демократската партија, како и Републиканската, ги одржаа своите прелиминарни избори за претседателската номинација на партијата за изборите на 8 ноември. Но пред тоа кандидатите треба да бидат одобрени од страна на релевантните партиски конгреси.
Додека кај репуликанците милијардерот Доналд Трамп категорично освои уште еден „супервторник“, демократите не се искажаа толку едногласно. Лидерката (и најверојатен кандидат на ДС на САД за претседателската трка во ноември) Хилари Клинтон постигна победи во четири од петте држави. Таа си обезбеди гласови од Мериленд, Делавер, Пенсилванија и Конектикат.
