Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп и Ердоган ги затоплуваат односите - Можна ли е нова динамика на светската карта?

Трамп и Ердоган ги затоплуваат односите - Можна ли е нова динамика на светската карта?

Американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ќе се обидат да ги затоплат односите меѓу двете земји и да покажат дека склученото стратешко партнерство не е замрзнато. Меѓусебните релации се влошија откако САД одби да го екстрадира проповедникот Фетулах Ѓулен кој Турција го сомничи за главен инспиратор на терористичката организација „ФЕТО“ за која сметаат дека го организираше и изврши воениот пуч во јули минатата година. 

Затоа Трамп и Ердоган разговарале телефонски и се согласиле да продолжат да работат на зајакнување на односите и регионалната безбедност, соопшти Кабинетот на шефот на турската држава.

– Укажувајќи на стратешкото партнерство помеѓу Турција и САД, двата лидери го истакнаа значењето на понатамошната заедничка работа на понатамошното интензивирање на билатералните односи и стабилноста на регионот, се посочува во соопштението.

Ердоган и Трамп, исто така се договорија да се сретнат во Њујорк, на седницата на Генералното собрание на Обединети нации.

Односите меѓу САД и Турција се тензични поради поддршката на Вашингтон за курдските припадници на милицијата Единици за заштита на народот, која според официјална Анкара е терористичка група, а се бори против Исламска држава во Сирија.

Турција е „разочарана“ од САД и поради одбивањето на Вашингтон да го екстрадира муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој Анкара го обвинува за организирање на минатогодишниот неуспешн државен удар. Ѓулен повеќе години живее во егзил во САД.


Слично

Поврзани вести