Трамп и Ердоган договорија прва тет-а-тет средба
Турскиот престедател Реџеп Таип Ердоган следниот месец ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, објави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Средбата ќе се одржи во пресрет на состанокот на НАТО, пренесува Ројтерс.
Извори од претседателската палата на Ердоган соопштија дека Трамп вчера телефонски му честитал на турскиот колега, за победата на референдумот. Ердоган во интервју за СНН изрази задоволство поради честитката од американскиот претседател по повод резултатите од референдумот.
Слично
