ТРАМП: И да убијам некого на улица со пиштол, пак ќе гласаат за мене
Претседателскиот кандидат од републиканската партија во САД, Доналд Трамп е сто проценти сигурен во лојалноста на своите гласачи, па смета дека дури и да изврши убиство тие пак ќе гласаат за него.
„Можам да застанам насреде Петтата авенија и да пукам во некого, и пак нема да изгубам ниту еден гласач” – самоуверено изјави Трамп во обраќањето на собирот во колеџот Дордт.
Доналд Трамп особено го привлече вниманието на јавноста, со неговата контраверзна изјава, во која предложи на сите муслимани да им се забрани влез во САД.
Неговиот предлог предизвика жестоки реакции и осуди од јавноста, но истовремено анкетите покажаа дека неговиот рејтинг расте.
Слично
