Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп: Гренланд е наша територија, парче мраз што има огромна улога во безбедноста на светот

Трамп: Гренланд е наша територија, парче мраз што има огромна улога во безбедноста на светот

Американскиот претседател Доналд Трамп и во Давос денеска зборуваше за Гренланд. 

„Гренланд е наша територија. Ни треба. Тоа е парче мраз што има огромна улога во безбедноста на светот“, вели Трамп. 

Тој порача дека Гренланд е стратешки незаштитен, лоциран на критично важна позиција меѓу САД, Русија и Кина, и дека токму поради тоа Америка мора да преземе одговорност.

„Гренланд се наоѓа на клучна стратешка локација. Тој е практично незаштитен, а тоа не смее да биде така. Ни е потребен за национална безбедност и за глобална безбедност. И да бидеме јасни – тоа е наша територија“, вели американскиот претседател. 

Тој додаде дека ниту една друга земја, освен САД, нема капацитет да го обезбеди островот, нагласувајќи ја американската воена и стратешка надмоќ.

„Ние сме многу посилни отколку што луѓето мислат. Тоа го открија и некои други држави пред неколку недели“, додава американскиот претседател. 

Трамп рече дека има „огромна почит“ кон народот на Гренланд и кон Данска, но оти Вашингтон сака веднаш да почне преговори за преземање на островот. Вели дека САД бара малку во однос на тоа што го направиле за другите земји. 

Трамп претходно сакаше и да го купи островот, но жителите на Гренланд тоа не го сакаат. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести