ТРАМП ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ: Еве колку милиони оштета ќе бара од порно актерката
Откако порно актерката Сторми Данијелс направи интернет страница за собирање пари, како би можела да покрена тужба против поништувањето на договор за молчење со Доналд Трамп, адвокатската канцеларија која го застапува американскиот претстедател настапи со контратужба.
По судски пат, поради повеќекратно кршење на тајниот договор, фирмата „Блејкли Ло“ од порно актерката побрала оштета од најмалку 20 милиони долари, како и парницата да се префрли од окружниот на Сојузниот суд.
Порно актерката, чие вистинско име е Стефани Клифор, тужбата ја покренала во Лос Анџелес тврдејќи дека договорот не е валиден и дека може јавно да зборува за својот однос со Трамп.
Сторми утврдила дека тој никогаш не потпишал таен договор кој неа ја обврзува на молк за „интимната врска помеѓу нив двајца, која почнала во 2006 и траела неколку месеци“.
