Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп го пролонгираше ултиматумот до Иран за уште 24 часа

Трамп го пролонгираше ултиматумот до Иран за уште 24 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп го одложи за уште еден ден ултиматумот што му го постави на Иран за повторно отворање на Ормутскиот теснец, поставувајќи нов рок за вторник во 20 часот по источноамериканско време, односно среда во 2 часот по македонско време. Новиот термин го објави преку платформата Truth Social, каде кусо напиша: „Вторник, 20 часот по источно време“.


Претходно, Трамп порача дека САД би можеле уште денеска да постигнат договор со Техеран, иако истовремено повторно предупреди дека, доколку тоа не се случи, Иран би можел да се соочи со напади врз клучната инфраструктура, вклучително и електрани и мостови. Според Ројтерс, тој во интервју за Wall Street Journal рекол дека ако до вторник навечер нема поместување, иранските електрани и мостови ќе бидат цел на напади.

Во претходните објави и интервјуа, Трамп тврдеше и дека постои можност за договор, но воедно испраќаше остри закани и најави за силен одговор ако Иран не го отвори стратешки важниот морски премин. Белата куќа, според Ројтерс, засега не дала дополнително појаснување дали објавата со точниот час се однесува на крајниот рок за договор или на можен почеток на американска акција.


Слично

Поврзани вести