Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп го преименува „Пентагон“ во „Министерство за војна“

Трамп го преименува „Пентагон“ во „Министерство за војна“

Претседателот Доналд Трамп во петокот потпиша извршна наредба со која Пентагон се преименува во „Министерство за војна“, велејќи им на новинарите во Овалната соба дека тоа е „посоодветно“ име со оглед на моменталната состојба во светот, пишува CNN.

„Мислам дека тоа е многу посоодветно име, особено во светлината на тоа каде се наоѓа светот во моментов. Имаме најсилна војска во светот“, рече Трамп пред да ја потпише наредбата.

Наредбата им овластува на секретарот за одбрана, на Министерството за одбрана и на подредените службеници да користат секундарни титули како што се „министер за војна“, „Министерство за војна“ и „заменик-министер за војна“ во официјална кореспонденција, јавни комуникации, церемонијални пригоди и документи кои не се од законодавна природа во рамките на извршната власт, според информативниот лист до кој дојде CNN.

Речиси веднаш по потпишувањето, службениците почнаа да ги спроведуваат промените. Знаците пред канцеларијата на секретарот за одбрана Пит Хегсет во Пентагон се променети, а официјалната веб-страница на министерството е редизајнирана.

Старата страница, defense.gov, сега автоматски пренасочува кон war.gov, со „Министерство за војна на САД“ прикажано на врвот од страницата. Акронимот DOD (Министерство за одбрана) е заменет со DOW (Министерство за војна) во различни наслови.



Слично

Поврзани вести