Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАМП ГО ПОТВРДИ НАПАДОТ ВРЗ ИРАН: Вели дека 47 години извикуваат „Смрт за Америка“

ТРАМП ГО ПОТВРДИ НАПАДОТ ВРЗ ИРАН: Вели дека 47 години извикуваат „Смрт за Америка“

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека САД почнале напади врз Иран.

Тој рече дека „заканувачките активности“ на Техеран „директно ги загрозуваат САД, нашите сили, нашите бази во странство и нашите сојузници низ целиот свет“.

„47 години иранскиот режим скандираше „Смрт за Америка“ и водеше немилосрдна кампања на крвопролевање“, вели Трамп. 

Во меѓувреме Иран се подготвува за одмазда по израелските и американските напади утрово, изјави официјален претставник на Техеран за Ројтерс.

Официјалниот претставник изјави за агенцијата дека „одговорот ќе биде катастрофален“.

Не е јасно што тоа конкретно значи или кои цели би можел да ги таргетира Иран.

Израел објави дека во саботата започнал превентивен напад врз Иран, туркајќи го Блискиот Исток во нов воен конфликт и дополнително намалувајќи ги надежите за дипломатско решение на долготрајниот нуклеарен спор на Техеран со Западот, објавија светските агенции. САД учествуваат во нападите, потврдија американските претставници.

Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести