Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп го отпушти директорот на ФБИ иако му ги подари изборите

Трамп го отпушти директорот на ФБИ иако му ги подари изборите

Доналд Трамп по предлог на генералниот правобранител Џеф Сешнс одлучи да го отпушти директорот на ФБИ Џејмс Коми за кого смета дека повеќе не е способен ефикасно да ја извршува функцијата и најави реформи во главната агенција која врши полициски задачи на федерално ниво на цела територија на САД.

Ова е голем шок во Америка бидејќи вообичаено директорите на ФБИ имаат 10 годишен мандат и им служат на повеќе претседатели. Засега се претпоставува дека Трамп се ослободува од Коми бидејќи сега тој сведочи пред Конгресот на САД за наводна руска позврзанот на советниците на американскиот претседател.

Мајкл Флин, екс советникот на Трамп за безбедност се верува дека имал интереси во Русија, дека му биле дадени насоки од руски владини функционери, а можеби бил предмет на обработка руски агенти на тајните служби. Неговата вмешаност во кампањата на Трамп може да му донесе и импичмент, па Флин побара имунитет за да може да сведочи.

Инаку Коми е еден од најзаслужните за победата на Трамп бидејќи на недела од изборите покрена многу лоша истрага против Хилари Клинтон базирана на хакираните мејлови кои ги објави Викиликс.

Слично

Поврзани вести