Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп го одбра својот прес секретар - Спајсер ќе одговара во Белата куќа

Трамп го одбра својот прес секретар - Спајсер ќе одговара во Белата куќа

Доналд Трамп постпено го комплетира тимот со кој во јануари ќе влезе во Белата куќа и за негов прес секретар и портпарол го одбра  Шон Спајсер, кој досега беше портпарол на Републиканската партија. Спајсер ќе биде задолжен за сите прес конференции во име на новиот претседател на САД. 

– Шон Спајсер стана портпарол на Белата куќа и ќе одговара на прашања на медиумите, се наведува во соопштението на тимот на Трамп за преземање на власта.

Други членови на комуникацискиот тим на Трамп како претседател се сегашните портпароли Џејсон Милер и Хоуп Хикс, како и Дан Скавино, кој е задолжен за социјалните медиуми. 

Овие четворица ќе бидат задолжени за целата комуникација на идниот претседател кој пак, ретко одржува прес конференции и најчесто јавноста ја информира преку неговиот личен профил. 


Слично

Поврзани вести