Трамп го навреди Мерц: Среди си ја распаднатата држава
Американскиот претседател Доналд Трамп го нападна германскиот канцелар Фридрих Мерц во нова објава на неговата социјална мрежа.
„Германскиот канцелар треба повеќе да се фокусира на завршување на војната меѓу Русија и Украина, во што беше целосно неуспешен, и да ја среди својата распадната држава, особено миграцијата и енергетиката, наместо да се меша во оние кои ја отстрануваат иранската нуклеарна закана“, напиша Трамп.
Мерц претходно изјави дека Иран ги понижува САД со одолговлекување на преговорите во контекст на конфликтот поврзан со Иран. Трамп возврати без задршка, обвинувајќи дека германскиот канцелар „мисли дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје“ и дека „не знае за што зборува“.
Само ден подоцна, Трамп отиде чекор понатаму и најави дека Вашингтон размислува за намалување на бројот на американски војници во Германија, потег што може сериозно да ги разниша односите во рамките на НАТО.
Мерц во своето обраќање избегна директна конфронтација, но испрати јасна порака. Тој го потенцираше цврстото сојузништво со САД и единството во НАТО, нагласувајќи дека Германија останува посветена на јасен компас и сигурно партнерство со Вашингтон.
foto printskrin youtube
