Трамп го нарече НАТО „тигар од хартија“
Претседателот на САД, Доналд Трамп повторно го критикуваше НАТО. Тој е разочаран што Алијансата не им помогнала на САД во конфликтот со Иран.
„Отсекогаш сум велел дека НАТО е тигар од хартија“, изјави Трамп.
Тој додаде дека сојузот не би реагирал ниту во случај на поголем глобален конфликт.
„Ако се случи нешто големо, ви гарантирам дека нема да бидат таму“, рече Трамп, алудирајќи на можен светски судир.
Американскиот претседател оцени дека сојузниците направиле „голема грешка“ што не се вклучиле во операциите. Тој конкретно ги спомена францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, нарекувајќи ги пријатели, но и критикувајќи ги затоа што сметаат дека војната со Иран не е нивна.
На 28 февруари годинава, САД и Израел го нападаа Иран. Тие сакаа Иран да се откаже од идејата да поседува нуклеарно оружје.foto printskrin youtube
