Трамп го критикуваше НАТО во однос на Иран, Руте му одговори
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај.
Неговата изјава доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги критикуваше сојузниците на НАТО, обвинувајќи ги дека не даваат никаква помош во конфликтот на САД со Иран. Во објава на социјалната мрежа Truth Social, тој изјави дека Иран е „воено десеткуван“, но исто така рече дека на Соединетите Американски Држави(САД) „не им треба ништо од НАТО“.
Руте истакна дека по самитот одржан во Хаг во 2025 година, сојузниците донесоа „историска одлука“ да ги зголемат инвестициите во одбраната на ниво од 5 отсто од БДП. Во текот на годината имаше значаен напредок и за прв пат сите членки ја исполнија претходно договорената цел од 2014 година за минимум 2 отсто од БДП за одбрана.
„Предолго време, европските сојузници и Канада премногу се потпираа на воената моќ на САД и не преземаа доволно одговорност за сопствената безбедност. Но, денес сме сведоци на вистинска промена во размислувањето и заедничко разбирање на новата безбедносна средина“, заклучи Руте.
Според него, во 2025 година, Европа и Канада ги зголемија трошоците за одбрана за 20 отсто во споредба со претходната година. Руте нагласи дека продолжувањето на тој тренд ќе биде клучно и во наредниот период.
На 28 февруари годинава, САД и Израел го нападнаа Иран.
foto printskrin youtube
